Како коронавирусот ги промени навиките на луѓето?

Некои работи, како ракувањето до скоро беа сосема нормални, но денеска ваквиот начин на поздравување луѓето се почесто го избегнуваат

724

До пред шест месеци многу работи беа нормални, а сега повеќето од нив не ги правиме повеќе.

Коронавирусот дефинитивно го промени светот и не е преувеличување кога ќе се каже дека ништо повеќе нема да биде исто.






Некои работи, како ракувањето до скоро беа сосема нормални, но денеска ваквиот начин на поздравување луѓето се почесто го избегнуваат.

На некои не им беше необично да го споделат шишето со вода со пријателите, а сега, кога знаат дека вирусот може да се наоѓа во плунката, ќе размислат двапати пред да го сторат тоа.

Што друго се промени со пандемијата на коронавирусот?

Ракувањето со колегите и пријателите

– Со ракувањето се пренесуваат респираторните болести и тоа треба да стане нешто од минатото. Како општество, ние мора да го заборавиме тоа – вели д-р Ентони Фаучи.

Јадење во јавен превоз

– Луѓето не би требало да јадат во средствата за јавен превоз, затоа што веројатноста е голема да се допрат за лицето и со тоа да се изложат на вирусот – смета д-р Ависех Фороузех.

Триењето на очите

Коронавирусот во огранизмот може да влезе и преку очите, па допирањето на лицето и триењето на очите стана нешто што луѓето почнаа да го избегнуваат, освен дома кога рацете им се чисти.

Допирање на држачи

До пред неколку месеци не сме размислувале дали ќе се придржиме за држачите во згрдите, автобусите или возовите, денеска тоа за луѓето е нешто што би требло да го избегнуваат, или кога веќе мораат да го сторат тоа, подобро е да носат ракавици.

Користење на јавен тоалет

Кога морате итно да вршите нужда, тешко е да се избере место, но повеќето луѓе денеска сепак ги избегнуваат јавните тоалети кога тоа е можно.

Поврзани содржини