КАКО КЛИНТ ИСТВУД ИМ ПРКОСИ НА ГОДИНИТЕ? Има 96 години, а веќе со децении се држи до овие правила

Клинт Иствуд и на 96 години импресионира со својата виталност, а зад неговата долговечност не се крие никаква чудотворна тајна, туку низа едноставни навики до кои се придржува веќе со децении.

0

Клинт Иствуд на 31 мај наполни 96 години, а и понатаму привлекува внимание со виталноста. Легендарниот актер и режисер со децении се придржува до едноставни навики – внимава на исхраната, редовно вежба, одмора доволно и практикува трансцендентална медитација.

Иствуд отсекогаш посветувал внимание на физичката форма. Според биографот Шон Леви, автор на книгата „Клинт: Човекот и филмовите“, актерот со децении бил посветен на вежбањето и на исхрана со малку маснотии. Наводно, уште од педесеттите години избирал органска храна.






Во една од неговите подолгогодишни рутини посебно место има трансценденталната медитација. Иствуд ја практикува со децении, а во едно интервју открил дека медитира двапати дневно.

Секоја сесија трае околу 20 минути, што значи дека дневно издвојува околу 40 минути за оваа практика. И самиот објаснил дека медитацијата му дава можност да ги собере мислите, а особено доследен бил со неа додека работел.

Интересно е што Иствуд не ја прекинал оваа навика ниту за време на снимањето филмови. Леви во биографијата наведува дека актерот медитирал и додека работел, што е прилично спротивно од неговите познати филмски ликови.

Покрај медитацијата, неговата рутина вклучува и редовна физичка активност. Иствуд со години бил познат по посветеноста на вежбањето, а во поново време се споменуваат и активности како пешачење и голф.

Внимателен е и со исхраната. Во текстовите за неговиот животен стил се наведува дека јаде овошје и зеленчук, зема витамини, не претерува со алкохол и избегнува засладени пијалаци. Тој самиот во минатото зборувал и за важноста на одржувањето на телесната тежина, позитивниот став и доволното количество одмор.

Во текот на кариерата која трае веќе 70 години, снимил повеќе од 60 филмови, а на здравјето и на телесната форма отсекогаш им продавал големо внимание.

На неговиот однос кон здравјето особено влијаела и смртта на неговиот татко, кој ненадејно починал од срцев удар на 63 години. Иствуд поради тоа настојувал да избегнува лоши навики и со текот на годините изградил животен стил во кој големо место имаат физичката активност и грижата за менталното здравје. Во секојдневието вовел низа едноставни правила кои често се нарекуваат „кодексот на Иствуд“.

 

Поврзани содржини