Како Израел стана лидер во светот во вакцинирање против ковид-19?
Најважна задача е да се контролира испораката на вакцини со цел да стигнат до сите центри за вакцинација, кои се отворени на многу локации, на пример во трговски центри и спортски арени, со цел да бидат што е можно подостапни за луѓето.
Израел имунизацијата на населението го издигна на ниво на национален приоритет и уште на почетокот на пандемијата лани почнала преговори со фармацевтските компании. Земјата не штедела за вакцините и ги обезбедила за целото население.Неименувани извори наведуваат дека ова е во согласност со анализата на ефективноста на трошоците бидејќи исплатената сума одговара на трошоците за два дена „заклучување“ на државата.
-Ние уште во раната фаза на инфекцијата ги почнавме многу тешките преговори со фармацевтските компании за да осигураме доволен број на вакцини – вели д-р Ашер Јешаиху Салмон, раководител на Одделот за меѓународни односи во израелското Министерство за здравство и клучна фигура во вакцинациските активности во Израел во изјава за хрватски Јутарњи лист.
Прво биле почнати преговори со „АстраЗенека“, кон крајот на април и почетокот на мај минатата година. Следувале аранжмани со „Модерна“, „Фајзер“ и други.
Според израелските медиуми, властите не ја размислувале за цената по која ќе ја обезбедат вакцината, па се наведува дека Израел за вакцината на „Фајзер“ платил 50 отсто повисока од цената од другите земји, но „Фајзер“ во договорот гарантира дека ќе ги обезбеди потребните на дози.
Неименувани израелски извори наведуваат дека ова е во согласност со анализата на ефективноста на трошоците бидејќи исплатената сума одговара на трошоците за два дена „заклучување“ на државата.
Професорот Салмон вели дека Израел прашањето за вакцинација на населението го издигнал на ниво на национален приоритет. Формиран е Национален команден центар за координација на сите активности поврзани со вакцинацијата, вклучително и голем број агенции.
– Најважна задача е да се контролира испораката на вакцини со цел да стигнат до сите центри за вакцинација, кои се отворени на многу локации, на пример во трговски центри и спортски арени, со цел да бидат што е можно подостапни за луѓето. На оддалечени места, тие ги охрабрувале локалните власти да отворат заеднички области за вакцинација. Целата постапка е дигитализирана и централизирана така што во секоја точка тие имаат податоци за секое осигурено лице – вели Салмон.
Со еден збор направена е тотална мобилизација за да се стави крај на пандемијата. Не е неважно да се наведе дека се најавени нови избори за напролет, а планот е да се вакцинираат две третини од населението до крајот на март.
Израел ја започна својата кампања за вакцинација уште на 19 декември, а владата, што е особено интересно, склучи договор со производителот на вакцината „Фајзер“ за достапноста на сите медицински податоци во замена за навремено доставување на вакцината.
Некои медиуми наведуваат дека премиерот Бенјамин Нетанјаху го претвори Израел во „Петров сад“ за „Фајзер“, но и за целиот свет.
Првите податоци беа објавени еден месец по почетокот на кампањата за вакцинација и покажаа дека вакцината значително го намали бројот на нови инфекции.
Салмон посочува дека во првата фаза, тие се фокусираа особено на домовите за стари лица, кои ги има околу 600 во Израел, и дека целта е да се вакцинираат сите жители на домовите за да се запре смртоносното ширење на вирусот во нив.
Според него, планот е едноставен: прво да се вакцинираат сите на возраст над 50 години и сите вработени во медицинските установи, а потоа затворите.
Вкупно, вакцинирани се над 80 проценти од постарата популација. За жал, како што објави Заводот за статистика во вторникот, 900 лица кои го преживеале холокаустот починале како резултат на инфекцијата, а 5300 од нив биле заразени. Стапката на смртност кај таа специфична популација, заклучиле израелските експерти, не е поголема од онаа кај луѓето на иста возраст.
– Сега ја намаливме старосната граница и секој над 35 години може лесно да дојде на која било локација и да се вакцинира – вели професорот.
Вакцината во моментов не се дава само на луѓе кои се опоравиле од инфекцијата, односно на 551.989 луѓе, бидејќи се смета дека имаат имунитет на одредено време. Но, и тие ќе дојдат на ред кога сите други ќе примат вакцина. Бидејќи Израел вакцинира околу 200 000 луѓе на ден.
Израел планира да ги вакцинира и Палестинците кои се на негова теритотија.
Израел беше силно погоден од пандемијата. Според весникот Хаарец, заклучно со петокот минатата недела биле заразени вкупно 631.226 лица, од кои 2.331 во последните 24 часа , 1.135 биле тешко болни, а 4.671 лице починале како резултат на инфекција со ковид-19.
Земјата се соочува со проблем на ултраортодоксен дел од населението, кој се спротивставува на ограничувачките мерки. Во тек е третиот бран на инфекции, а карантинот е во функција до крајот на јануари. Околу 100 000 луѓе се тестираат дневно, а помеѓу 6 и 7 проценти се позитивни.