КАКО ИЗГЛЕДАЛЕ ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ НА МИЛАН ЛАЌА РАДУЛОВИЌ На денот на смртта твитувал (ФОТО)

Синот на Марина Туцаковиќ е пронајден мртов на улица во Тел Авив, Израел, соопштија денеска српските медиуми.

2,908

Синот на Марина Туцаковиќ е пронајден мртов на улица во Тел Авив, Израел, соопштија денеска српските медиуми.

Милан Лаќа во декември одлучил да отпатува за Израел, каде што поминувал време со своето друштво.






Оние кои се дружеле со него, како и пријателите од Белград, кои биле во контакт со Лаќа, истакнуваат дека тој цело време бил ведар и насмеан. Често одел со пријателите на забави и вечери во Израел.

Во прилог на тоа одат и неговите последни објави на неговиот профил на Твитер. Имено, Милан Лаќа последен пат се огласил на социјалната мрежа Твитер на 12 декември (токму кога било пријавено неговото исчезнување во Израел) кога цитирал стих од популарната песна на Светлана Цеца Ражнатовиќ „Кожа памти“ напишана од неговата мајка Марина Туцаковиќ.

„Без имиња, само без спомени!“, ја цитирал Лаќа. Претходните неколку објави ги објавил во истиот ден од Израел и нагласил дека се наоѓа токму таму.

 


„Библиотека на првиот премиер на Израел“, напишал Лаќа и објавил фотографија од библиотеката.

 


ФОТО: Твитер

Поврзани содржини