📷 КАКО ИЗГЛЕДААТ ДЕЦАТА НА НАОМИ КЕМПБЕЛ Славната манекенка првпат ги покажа по четири години, а таткото го крие

Познатиот супермодел Наоми Кемпбел првпат стана мајка на 51 година, а вторпат на 53, а среќните вести ги објави на интернет и за сите овие години исклучително ретко можеше да се видат фотографии на кои е со своите деца.

343

Познатиот супермодел Наоми Кемпбел првпат стана мајка на 51 година, а вторпат на 53, а среќните вести ги објави на интернет и за сите овие години исклучително ретко можеше да се видат фотографии на кои е со своите деца.

Наоми се трудеше на секој начин да ја заштити нивната приватност, па дури ниту папараците не можеа некаде да ја „фатат“ и да ги фотографираат најмалите.






Но, сега славната манекенка на својот Инстаграм објави низа фотографии, на кои на своите следбеници им покажа како ги поминале празниците.

Наоми напиша: „Благодарна и благословена. Времето толку брзо поминува“, а на фотографиите се гледаат нејзината ќерка и син на скијање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DR. Naomi Campbell (@naomi)


Познатата убавица не престанала да ги гушка и бакнува, а многумина забележаа дека многу ужива во мајчинството.

Иако им ги скрила лицата, првото нешто што го привлече вниманието беше косата на нејзината ќерка, каква што имаше некогаш Кемпбел, а многумина предвидуваат дека девојчето еден ден ќе тргне по стапките на својата мајка. Секако, сè уште е рано за вакви прогнози.

Инаку, манекенката никогаш не ги открила имињата на своите деца, а идентитетот на таткото е исто така обвиен со мистерија. Додуша, имаше различни теории.

Така, откако за првпат го посетила Дизниленд токму поради своите деца, објавила фотографии со мистериозен маж кој бил многу близок со малото девојче. Прво ја држел за рака, а потоа ја прегрнал, а таа му го сокри лицето со емотикон од срце.

Манекенката не сакаше да коментира кој е мистериозниот маж, дали е член на нејзиниот тим, асистент, работник во Дизниленд или нејзин партнер. Сепак, судејќи по нивната позиција на фотографијата, изгледа дека тоа е повеќе интимен момент, а не само помошник кој и помага околу детето.

Поврзани содржини