Човек влегува во салон на Застава:
– Добар ден, може ли да го видам најновото Југо?
– Да, повелете.
– Еј супер, а дали има клима ?
– Клима? Како не, има клима, а има и греачи на седишта, како и автоматски подесувач на отпорот на ветерот … а има и едно мало копче, ако го стиснете кога ќе ја постигнете брзината од 150 километри на час, автоматски се отвараат крила и полетувате, па потоа се појавуваат две манекенки и ве галат додека летате.
– Извини господине, ама ти мене ме заебаваш или?
– Па ти прв почна!