Како изгледа интервју со сериски убиец и манијак?
Во затворот бил Андреј Чикатило, сериски убиец кој ја чекал својата смртна казна. „За да постигне сексуално задоволство“ убил најмалку 43 луѓе и е уапсен неколку месеци пред распаѓањето на Советскиот Сојуз.
Правењето интервју со сериски убиец, силувач и манијак, не е исто како да одите на интервју со поп ѕвезда. Треба да внимавате да ги поставите соодветните прашања, вели Таисија Бекбулатова, авторка на еден од текстовите за сериоскиот убиец Димитрија Лебед, кој 5 години неказнето силувал жени.
Во продолжение, ви пренесуваме неколку сведоштва на новинари кои правеле интервју со сериски убиец:
Скопинскиот манијак
Во почетокот на март заврши затворската казна за Виктор Мохов, познат како „скопинскиот манијак“.
Набрзо по пуштањето на слобода, Мохов ѝ дал интервју на новинарката Ксенија Собчак, а истото бурно одекнало во јавноста, дури послужило за да се започне нова истрага.
Собчак тврди дека во оваа работа се водела според документарните филмови на „Netflix“ кои се од криминалистички жанр, бидејќи сакала да ја покаже „баналноста на злото“.
Мохов бил осуден на 17 години затвор поради киднапирање на две малолетнички, кои ги држел во подрум и ги силувал цели 3 години. По отслужувањето на казната, движењето на Мохов требало да биде ограничено на местото каде што престојувал, односно во градот Скопин, но тој првично отишол во Москва.
Во Москва, бил пријавен дека наводно живее во стан со уредникот од една ТВ емисија, во која требало да учествува тој и една од неговите жртви, Јекатерина Мартинова, под услов тие двајца никако да не се сретнат. Оваа емисија сè уште не е емитувана.
Во меѓувреме, Ксенија Собочак и Сергеј Јерженков, започнале со снимање на филмот „Скопинскиот манијак. Разговор на слобода“. Филмот е објавен на ЈуТјуб каналот на Собочак на 22 март и за само неколку дена видеото имаше гледаност од 4,4 милиони прегледи.
Во овој филм, Мохов детално ги опишал сексуалните околности, а исто така изјавил и дека мора повторно да се „позабавува“ со Јелена Самохина, која е втората негова заробеничка, бидејќи таа ги родила неговите три деца, но по ослободувањето од заробеништвото, таа повеќе не раѓала.
Потоа започнала голема јавна расправија, чиј практичен резултат била „процедурална проверка на фактите кои ги изјавил Виктор Мохов на медиумите“.
Во интервју за Би-Би-Си, Ксенија Собчак посочила дека за филмот била инспирирана од документарните филмови на „Netflix“, а најмногу од филмот „The act of killing“.
-Целта која си ја поставивме самите на себе си кога отидовме таму и откако детално го проучивме случајот, беше да ја покажеме баналноста на злото. Да покажеме дека злото не е расипан манијак со бодеж во раката и привлечна насмевка како Антони Хопкинс, туку дедото од соседниот влез, кој апсолутно не изгледа како манијак, а истовремено тој е манијак – вели Собчак.
Многу од гледачите на овој филм беа потресени од интимните детали кои се наведуваат, а некогаш и не се однесуваат директно на самата приказна.
На пример, Собчак го прашала Мохов на која возраст ја има изгубено неговата невиност, а истражувачот на овој случај детално говори за тоа како Мохов купувал долен веш за неговите жртви.
– Овој човек да е со некоја друг вид на изопаченост, на пример да е манијак некрофил, ние ќе говоревме за тоа. Но, овој човек е очигледно сексуален зависник и манијак, а токму тоа е темата на нашето истражување. И на мене ми беше сето тоа одвратно, но беше важно да се прикаже на народот – им вели Ксенија Собчак на своите критичари.
Новинарите кои сакале да го интервјуираат Мохов исто така се нашле на листата за критики, затоа што на некој начин му ја исполнувале желбата да комуницира со медиумите и да биде во центарот на вниманието.
– Како новинар никогаш не размислувам на тоа што мојот јунак сака. Некој сака да го овековечи интервјуто, некој да изрекламира книга или нешто друго. Кога човек ќе прифати да разговара со новинар, тој секогаш има мотив за тој разговор. Не ми е важно од која причина човекот седи наспроти мене: дали е тоа за внимание, популарност, желба да се прикаже во добро светло или, пак, да се оправда за нешто. Јас имам само еден критериум, сметам дека е важно одредена тема да се разјасни и да разговарам со конкретен јунак на одредена приказна – додава Ксенија.
Порталот „Маш“ соопшти дека Ксенија и нејзината екипа, го потплатиле Мохов за да добијат интервју од него. Собчак вели дека никому ништо не платила, а оние кои ја набедуваат, ќе одат на суд.
– Имавме сложена шема по која успеавме да дојдеме до оваа личност. За жал не можам да ви откривам детали, но таа шема е поврзана со мои лични контакти со луѓе од различни светови – вели Собчак.
На почетокот тие сакале да прикажат во филмот, на кој начин дошле до Мохов, но ја оставиле таа идеја настрана, бидејќи некои од контактите биле навистина чудни.
Вистинска криминалистика на руски начин
Во 1993 година, новинар од Самара, Борис Кожин, заедно со уредникот Михаил Серков, пристигнал во Новочеркаск.
Во затворот бил Андреј Чикатило, сериски убиец кој ја чекал својата смртна казна. „За да постигне сексуално задоволство“ убил најмалку 43 луѓе и е уапсен неколку месеци пред распаѓањето на Советскиот Сојуз.
Кожин и Серков го снимиле филмот „Мојот чудесен свет“ и сакале да разговараат со манијакот.
Интервјуто кое го дал Чикатило, било неговото последно – побарал да го помилуваат, неколку месеци подоцна, убиецот е застрелан.
Кожин се потсетува дека Чикатило скокал од тема на тема: еднаш го одрекувал делото, еднаш кажувал детали за убиствата, а на моменти барал да прави гимнастички вежби.
– Што може да го интересира човек? Секако, неговата психа, неговиот карактер. Човекот е уметнички предмет, природата на злото исто така. Наслушнав дека претседателот на Сојузот на новинари, предложил да се забранат интервјуа со убијци и манијаци. Според мене тоа е погрешно – вели Кожин.
Во овие години, руските телевизиски програми за сериски убијци и силувачи редовно се прикажувале и имале голема гледаност. Една од најпознатите е „Криминална Русија“ која се појавила во 1995 година и претставува документарна серија за подземниот свет на СССР и Русија.
„Траса 161“ е еден од првите руски поткасти во криминалистички жанр, кој се појавил во издание на „Holod“.
Таисија Бекбулатова, авторка на еден од текстовите за серискиот убиец Димитрија Лебед, кој пет години неказнето силувал жени, на прашањето „Зошто да пишувате за манијаци?“ одговорила:
– Зошто тогаш да пишувам и за проблемите во општеството? Ако целта ви се прегледи, тогаш пристапот ќе биде еден, ако сакате да раскажете приказна, пристапот ќе биде друг. Никој не сака конкретна приказна да стане причина за уште една цензура – одговорила таа.
Според неа, ова не е забава за јавноста. Не е исто да одите на интервју со манијак и да одите на интервју со поп ѕвезда.
– Одите на разговор со манијак кој направил лоши дела. Ако ова е дисекција за злото, тогаш треба да бидат поставени соодветните прашања, а не да му биде поставена трибина за говор.
Новинарката ја разбира заштитата на човекови права, кои исто така се противат на ваквите материјали, но смета дека секој треба да си ја врши својата работа:
– Работата на новинарот е да информира, ако почнеш да ги браниш сите интереси на секоја жртва, тогаш решаваш проблеми кои се за психолози и заштитници на човекови права, а со тоа ништо добро нема да излезе – вели таа.