Како изгледа денеска Вухан, една година по најстрогиот карантин во светот (ФОТО+ВИДЕО)
Следеа 76 дена страв и паника пред конечно да се стави вирусот под контрола.
Поминаа 12 месеци откако беше поставена оградата која се уште го блокира пристапот до озлогласениот пазар во Вухан. Таа потсетува дека вирусот „SARS-CoV-2 “во своето злокобно патување низ планетата тргна од тој град и го смени светот како што го знаевме дотогаш, пишува „Index.hr“.
Сепак, „новото нормално“ сега владее во тој град во централна Кина со 11 милиони жители и е слично на ситуацијата пред пандемијата: патиштата се преполни со автомобили, улици со купувачи, јавен превоз со патници и паркови со пешаци.
Во сабота се навршува една година откако властите во Вухан прогласија затворање со цел да се ограничи епидемијата на коронавирус.
Тоа беше првиот – и еден од најстрогите – карантин во целиот свет што буквално го запечати градот на 23 јануари и беше невозможно да се влезе или излезе.
Следеа 76 дена страв и паника пред конечно да се стави вирусот под контрола.
Денес, болниците во Вухан не лекуваат луѓе со ковид-19, градот закрепнува и е желен да продолжи понатаму.
За во денеска не се планирани официјални комеморации по повод прогласувањето на „заклучувањето“ пред една година, но трагите од долгиот кошмар сè уште се видливи.
И првото познато жариште сè уште оградено. Бариерите кои го затвораат рибниот пазар во центарот на градот, потсетуваат на првото познато жариште пред вирусот, до сега уби повеќе од два милиони луѓе ширум светот, да ја преземе контролата и да се прошири надвор од границите на Кина.
Иако улиците на Вухан повторно се полни со минувачи, заштитните хигиенски маски на нивните лица укажуваат дека мерките за спречување на ширењето на вирусот сè уште се во сила во Кина, каде се појавија нови локални жаришта во последните неколку недели.
Кина во голема мера успеа да го стави вирусот под контрола, но последните недели бројките нагло се зголемија во некои делови. Властите бргу реагираа одговорија со нови затворања, нови ограничувања на движењето и патувањата и ново масовно тестирање.
Во последниве денови, откриени се неколку случаи на инфекција со коронавирус во Пекинг, поради што 1,6 милиони жители не смеат да го напуштат главниот град.