Поминаа речиси 30 години од култната насловна страница на „Венити фер“ на која холивудската актерка Деми Мур позираше гола додека беше бремена со својата ќерка Скаут. Мур се фотографираше гола во 1991 година, кога беше во седмиот месец од бременоста. На себе носеше само дијамантски обетки и прстен. Тој чин предизвика мноштво дебати и критики, а на самата Деми тоа не ѝ пречеше. Оттогаш, речиси секоја славна бремена трудница ја „ископира“ Деми.
Сега, во гостување на Јутјуб-емисијата „Без филтер“ на Наоми Кемпбел, Деми Мур се потсети на актот на насловницата во „Венити фер“ од 1991 година.
Деми смета дека таа разголена фотографија каде што има 28 години и е во поодмината бременост, го променила светот.
– Се сеќавам многу добро на тоа. Јас разбирам какво влијание имаше сѐ тоа врз светот… На жените, на нашата „дозвола“ да си „ја прегрнеме“ својата бремена состојба. Но, тоа беше миг што го искористив за да бидам навистина своја и да се изразам себеси и – да не се обидувам да бидам ништо друго освен – самата јас – се потсетила Деми Мур.
Родителството е голем дел од животот на Мур. Таа дури и одмораше некое време од успешната своја актерска кариера за да им се посвети на своите три ќерки и нивното воспитание. Инаку, таа ги има Скаут, Талула и Румер Вилис со поранешниот сопруг Брус Вилис.
– Само одлучив дека тие треба да бидат во средиштето и да бидат на едно место. Едноставно, требаше да направам пауза! – рекла Мур во една прилика.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм