КАКО ГО ЗАОБИКОЛИВМЕ „ГАСПРОМ“? Владата ќе купува гас од Србија, бидејќи „Макпетрол“ нудел висока цена

Информацијата ја сподели владиниот советник за енергетика Виктор Андонов.

265

Владиниот советник за енергетика Виктор Андонов информира дека природниот гас земјава ќе го купува од Србија.

– Ќе и платиме на Србија, а гасот ќе се носи преку врската во Бугарија. Еден дел е за топланите за топлинска енергија , а еден дел ќе биде за АД ТЕ-ТО за производство на електрична енергија – рече Андонов во гостување во програма на ТВ24.






Тој рече дека со српската страна во процес е договарањето за количините на гас по прифатлива цена со која нема да има нови поскапувања и оптеретување на буџетот.

– Разговорите одат во насока на обезбедување прифатлива цена – појасни тој.

Андонов појасни и зошто не е постигнат договор со  „Макпетрол“ кој  нуди гас на  руски „Гаспром“.

– Цената преку „Макептрол“ е над 2.000, односно до 2.500 евра за нормален метар кубен. Со таа цена понатаму од 400-600 евра ќе биде ценатат за мегаватчас струја, а исплатлива цена за индустријата да преживее е 200 евра. Ако обезбедевме цена по тоа што се нуди, ние на тој начин немаше да и помогнеме на индустријата. Тоа ќе се одразеше и на сметките на граѓаните и на буџетот – рече Aндонов.

Вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битичи реќе дека е обезбеден гас за грејната сезона и за производство на струја но рече дека е „неважно од каде гасот ќе биде увезен“.

 

Поврзани содржини