КАКО ГИ УНИШТУВАТЕ ДЕЦАТА СО БОНБОНИ И ЧОКОЛАДИ? Слатко е ама и штетно
Не е препорачливо да му давате слатки на детето пред втората година, а секако и што е можно поретко после тоа. Во спротивно, можете да го уништите за цел живот со тоа што уште од мали нозе ќе го научите да биде зависник од шеќер
Многу е важно на вашето дете да му всадите здрави навики во исхраната уште од рана возраст; сепак, има многу мајки на кои им е „слатко“ кога детето јаде слатки, а не разбираат колкава штета му нанесуваат на сопственото дете на подолг рок.
Грубо кажано, шеќерот затапува. Шеќерот ја уништува концентрацијата и способноста за учење.
Со тоа што на вашето дете многу рано му давате слатки, му создавате навика да сака само слатка храна, а дополнително му акумулирате токсини во телото кои ќе му прават проблеми подоцна во животот. Само затоа што последиците од нешто не се гледаат веднаш, не значи дека никогаш нема да се појават.
Шеќер и заби
Слатките, меѓу кои се бисквитите („на кои сите сме пораснале, па ништо не ни фали“), чоколадото и сувото овошје, содржат големи количини шеќер.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.