КАКО ГИ ПОДГОТВУВАТЕ КОМПИРИТЕ? Два начини да се намали ризикот од развој на дијабетес тип 2

Јадењето три порции помфрит неделно го зголемува ризикот за 20 проценти, додека печените, варените или пире од компири не се поврзани со поголем ризик.

114

Нова студија на Универзитетот Харвард, заснована на податоци од повеќе од три децении, открила дека начинот на кој се подготвуваат компирите значително влијае на ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Јадењето три порции помфрит неделно го зголемува ризикот за 20 проценти, додека печените, варените или пире од компири не се поврзани со поголем ризик. Студијата, исто така, покажува дека заменувањето на помфритот со зеленчук, ориз или интегрални житарки може да го намали ризикот од дијабетес до 19 проценти.






Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини