КАКО ФУНКЦИОНИРА КОНЦЕПТОТ „СЕКОГАШ ПОВОЛНО“? Dm ќе ви заштеди пари, време и стрес, повеќе од 7.000 производи со поволни цени
Потребно е само да ја побарате ценовната етикета СЕКОГАШ ПОВОЛНО на производот каде што јасно е назначен датумот што покажува од кога нема да биде зголемена цената на производот, гарантирано најмалку четири месеци.
Кога во 2023 година се појави ценовниот концепт СЕКОГАШ ПОВОЛНО, dm drogerie markt за првпат им овозможи на македонските потрошувачи да си го испланираат купувањето на долг рок и притоа да заштедат пари, без да се откажат од купување на нивните омилени производи. Како функционира концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО и зошто се вели дека го нуди најлесниот начин да заштедите и да се ослободите од стресот при купување?
Мора да се признае дека колку и да е голема популарноста на акциските цени и организираните попусти, сепак тие траат многу малку време и купувачите не може да го испланираат буџетот, затоа што не може да предвидат кога ќе биде следната акција.
За разлика од нив, СЕКОГАШ ПОВОЛНО работи на поинаков начин: што и да се промени, цената останува иста – и тоа долгорочно. Со гарантирање дека цената ќе остане непроменета најмалку 4 месеци од датумот назначен на ценовната етикета, овој ценовен концепт го подобрува искуството за шопинг од повеќе аспекти.
Долгорочно планирање
Со тоа што цената на производот останува долгорочно иста најмалку 4 месеци, купувачите имаат можност да го испланираат својот буџет и да не се грижат дали ќе ја пропуштат следната акција или попуст.
Заштеда на време
Кога нема постојано трчање по попусти, шопингот може да биде едноставен и опуштен. Производите обележани со ознаката СЕКОГАШ ПОВОЛНО ќе ја имаат истата цена и денес и во следните четири месеци, така што производите што не се неопходни овој месец може да се купат во некој од месеците што доаѓаат.
Купување по потреба, без правење залихи
Многу луѓе се навикнати да купуваат повеќе само поради стравот дека ќе се зголеми цената на производите што им требаат секојдневно. Со концептот СЕКОГАШ ПОВОЛНО, овој проблем исчезнува – што значи дека поради гарантирано истата цена, повеќе нема потреба од правење залихи или складирање производи.
Навистина, шопингот може да биде опуштено и безгрижно задоволство, кое со малку подобро планирање може да овозможи големи заштеди. Потребно е само да ја побарате ценовната етикета СЕКОГАШ ПОВОЛНО на производот каде што јасно е назначен датумот што покажува од кога нема да биде зголемена цената на производот, гарантирано најмалку четири месеци. Оваа информација ќе може да ја проверите и во полумесечните и во месечните каталози, како и на социјалните мрежи на dm drogerie markt.
Прочитајте повеќе на нивната веб-страница!