КАКО ФИЛИПЧЕ, САЛИ И ОСТАНАТИТЕ ЕКСМИНИСТРИ ЗА ЗДРАВСТВО ДАВАЛЕ ЛИЦЕНЦИ ЗА МЕДИЦИНСКИ КАНАБИС? Јавноста брзо ќе дознае, уверува премиерот Мицкоски

Оние над 100 килограми што ги фативме во Струмица се доказ дека дел од медицинскиот канабис завршува на нелегалниот пазар, на нелегален начин, вели премиерот Христијан Мицкоски.

570

Оние над 100 килограми што ги фативме во Струмица се доказ дека дел од медицинскиот канабис завршува на нелегалниот пазар, на нелегален начин, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција во Владата.

Тој одговараше на новинарско прашање дали МВР ќе изврши контрола во фабриките за производство на медицински канабис и дали заедно со Министерство за здравство ќе направат ревизија на лиценците, откако МВР даде индиции за злоупотреба на тој канабис за црниот пазар.






– Оние над 100 килограми што ги фативме во Струмица, во една филмска бркотница што се случуваше тој ден, се доказ дека дел од тој канабис завршува на нелегалниот пазар, на нелегален налин. Имаме план, разработуваме план многу брзо од денеска тоа ќе се спроведе. Јавноста ќе биде сведок и ќе слушне многу работи како се однесувале во Владата на СДСМ и на ДУИ при издавање на лиценците за одгледување медицински канабс и како се однесувале министерите од таа влада во Министерство за здравството. А, таму имаше министри и од СДСМ и од ДУИ и од крилото на Зијадин Села од Алтернатива за Албанците  и од крилото на Арен Таравари од Алтернатива за Албанците. Јавноста сè ќе слушнеи и сè ќе дознае. Има време – рече премиерот Христијан Мицкоски.

Во Владата на СДСМ и ДУИ министри за здравство беа Арбен Таравари, Венко Филипче, Беким Сали, Фатмир Меџити и Илир Демири.

ФИЛМСКО АПСЕЊЕ, ПАДНАА НАРКО-ДИЛЕРИ ВО СТРУМИЦА Пресечен е меѓународен канал за трговија со дрога

Поврзани содржини