Како „фантомите” од штапските списоци на власта на СДСМ и ДУИ украле милиони евра
Министерот Ѓоко Велковски, од ВМРО-ДПМНЕ, откри 2.200 „фантомски” приматели на социјална помош и на пензии и со еден потпис заштеди 300.000 евра месечно или 3.6 милиони евра годишно, пари кои до сега биле крадени од СДСМ и од ДУИ.
Своевремено, кога на секој начин лажеа и манипулираа да дојдат на власт, СДСМ го лажеа целиот народ и меѓународна заедница дека во Македонија имало „фантоми”. Денес, после 7 години, ние слободно можеме да потврдиме дека има „фантоми”. И тоа не било какви фантоми, туку фантоми што цицаат народни и државни пари секој месец.
Министерот Ѓоко Велковски, исто како и останатите технички министри и заменици, веќе почна да ја оправдува својата улога како техники министер во труд и социјала и заслужува честитки. Не дека Ѓоко го познавам лично, ама искрено верував уште првиот ден дека како кадар од министерството, со кој долги години блиско сме соработувале во Унијата на млади сили и знам каков работник е, точно ќе знае каде да го бара криминалот на власта.
Ѓоко, заедно со тимот, засега пронајде ни помалку, ни повеќе, туку 2.200 „фантомски” приматели на социјална помош и на пензии кои не ги исполнуваат критериумите.
Значи, оваа криминално-коруптивна власт, на повеќе од 2.200 луѓе кои не исполнуваат услови да примаат социјална помош и пензии, тоа им го овозможила незаконски, на штета на народот, на државата и на целиот систем, нормално – за некоја взаемна корист.
Иако долго време знаевме дека постојат вакви шеми на поткуп и цицање државни пари преку фантомски приматели на социјална помош и пензии, кои имале на свое име и возила и многу други работи, сепак, заради нетранспарентноста на оваа влада, тоа не беше достапно на јавноста. Еве, сега е достапно, благодарение на Ѓоко и на ВМРО-ДПМНЕ и сега можеме да видиме дека 2.200 луѓе секој месец незаконски земале во просек од 8 до 10.000 денари. Тоа во просек месечно се 300.000 евра. Тоа во просек годишно е над 3.600.000 евра. Значи зборуваме за милиони евра годишно. Наназад со години.
Информациите кои ни ги пласираше Велковски беа само за изминативе 12 месеци, а проверките наназад за годините на владеење на СДСМ и ДУИ верувам дека уште траат и кој ли знае уште што ќе излезе. Но, да дадеме простор и поддршка да се истражи се до крај и потоа, преку органите на прогонот, да се бара одговорноста.
Значи, пари во државава има, ама се крадат. Со самото доаѓање на министер од ВМРО-ДПМНЕ, со еден потпис, укинувајќи ги овие фантомски незаконски приматели на пари, Велковски само од ова заштеди 300.000 евра месечно или 3.6 милиони евра годишно, пари кои до сега биле крадени од СДСМ и од ДУИ.
Секој проклет ден на социјалните мрежи гледаме десетици повици за донирање пари за лечење на болни деца. Секој проклет ден гледаме како некој ја изгубил битката со некоја болест поради немање средства за лечење. Секој проклет ден гледаме тажни руинирани слики од болници и од медицински установи и стари дотраени медицински возила во внатрешноста на Македонија. Секој проклет ден слушаме како десетици доктори или специјализанти си заминале да работат во Германија затоа што државата не им дава основни финансиски услови да преживеат додека работат. И зошто сето ова? Поради СДСМ и ДУИ, кои сакале да крадат. Поради СДСМ и ДУИ, кои немале друг начин, па им текнало да даваат секој месец на 2.200 лица незаконски пари и тоа да сите да не чиние 3.6 милиони евра.
И да ви кажам, не се проклети толку деновите кои што минуваат во агонија на оние кои што им треба помош од државата, а не ја добиваат, колку што се проклети овие што свесно крадат.
Со овие 3.6 милиони евра годишно ќе се излечеле 50-тина критични случаеви во странство, кои не успеале да соберат донации. Ќе се купеле 50 нови амбулантни возила. Ќе се реновирале здравствените домови во миниум во 10 града. Многу „ќе”, но за жал ги уживале овие пари некои господа „фантоми“, што се нашле на штапските списоци во СДСМ и ДУИ и нашле начин да лежат дома и да им течат пари на сметка.
Многу предизвици ќе имаме во следната власт. Многу луѓе ќе треба да понесат одговорност, а парите украдени да ги остават на државата. Многу сме уназадени како држава во изминативе 7 години и ќе треба со 100 пати посилно темпо од нормалното да работиме за да ја вратиме во колосек.
Но, не се сомневам дека тоа ќе се случи. Паралелно со чистењето на криминалот, градење на едно ново здраво општество, со проекти од можеби најдобрата изборна програма до сега, која набрзо ќе ја видат граѓаните. А и враќање на достоинството.
Да живее Република Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се погрижи тоа да биде со крената глава.