КАКО ЌЕ СЕ НАДОМЕСТИ ИЗГУБЕНАТА НАСТАВА? Еве што предложи Неделков од СОНК
Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.
Скратената наставна програма предвидува наставната содржина да се реализира во целост во позбиена форма или со поголема динамика, истакна денеска претседателот на Самостојниот синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков.
Нашето убедување како наставници, посочи, е дека учениците нема да бидат скратени од понудата и можност да надоместат за тоа што сега го имаат изгубено.
– Имаме искуство, сме работеле и друг пат во такви услови и за време на пандемијата кога наставните часови беа 30 минути, а требаше истата содржина да се реализира во рамки на 30 минути. Досега наставниците имаат изгубено зависи кој наставен предмет, еден, два или три, еветуално пет наставни часа ако е математика или јазик меѓутоа секој од наставниците знаат како тоа да го надоместат – рече Неделков, одговарајќи на новинарски прашања.
Тој на прес-конференција соопшти дека генералниот штрајк на СОНК ќе продолжи и понатаму и оти Советот на СОНК одлучил да не го прифати предлогот на Владата за 10 процентно зголемување на платите, со кој би се прекинал штрајкот почнат на 11 април.