„КАКО ЌЕ ОДИМЕ НА УЧИЛИШТЕ ИЛИ НА ФАКУЛТЕТ?“ Хаосот со автобусите им создава паника на средношколците и на студентите

Недостатокот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапното образование на многу ученици и студенти, реагираат од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците и студентите ОДАС.

216

ОДАС (Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите) реагира на нефункционалниот и несигурен јавен превоз кој може да ги остави средношколците и студентите без начин да стигнат на училиште или факултет.

„Тековниот застој и прекин во системот на јавен превоз во Град Скопје доведе до можноста учениците и студентите да останат без сигурен и достапен начин да стигнат до училиште или факултет. Недостатокот на сигурен јавен превоз стана пречка за достапното образование на многу ученици и студенти. Од Градот Скопје бараме да се посветат на решавање на овој проблем до септември, односно до почетокот на академската година, при што ќе се обезбедат безбедни и функционални автобуси и ќе се обезбеди навременост на линиите. Апелираме овој проблем што побрзо да биде решен за средношколците и студентите достојно да можат да ја започнат академската година“, се вели во соопштението на ОДАС.

Поврзани содржини