Поштенската марка на која се наоѓаат принцот Чарлс и принцезата Дијана, која беше пуштена во оптек по повод нивната венчавка во 1981 година, го привлече вниманието на обожавателите на кралското семејство за еден детаљ.
Иако Чарлс и Дијана во реалноста беа со иста висина (178 сантиметри), на фотографијата се чини како Чарлс да е многу повисок од неговата сопруга.
Еден упорен обожавател забележал дека слична (наместена) разлика во висината се појавува на многу нивни заеднички фотографии, а „Индипендент“ пишува дека од палатата објасниле дека официјалниот фотограф го замолил Чарлс да застане на кутијата додека ги фотографирал за марката.
Според нивното објаснување, тоа не било направено поради висината на Дијана, туку тврдат дека било потребно да се остави простор за силуетата на кралицата во горниот десен агол на печатот.
Тоа не ја објаснува истата разлика на другите фотографии, но некои обожаватели тврдат дека тоа покажува дека Чарлс бил несигурен во врска со својата машкост.
They were the same height pic.twitter.com/I9YVAcU4hn
— Philip N Cohen (@familyunequal) March 18, 2017
They were the same height pic.twitter.com/2dPFaa9XVN
— Philip N Cohen (@familyunequal) March 16, 2017
ФОТО: Твитер