КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА РУСИЈА БЕЗ ПУТИН? Путинизмот нема да преживее, ќе се роди целосно нова идеологија!

Путин еден ден ќе мора да се повлече од претседателската функција, без разлика колку членовите на руската елита се залажуваат дека тој е бесмртен. Кога Путин ќе го нема, многу работи ќе се сменат, а руската историја нè учи дека дури и ако путинизмот го надживее Путин, нема да трае долго: следниот руски лидер речиси сигурно ќе биде принуден да се либерализира за да го обезбеди својот опстанок , смета Колесников, кој вели дека на Русите ќе им биде многу тешко по заминувањето на Путин, бидејќи ќе мора да се соочат со фактот дека живееле со теории на заговор и воена пропаганда.

920

Путинизмот нема да го надживее Путин исто како што Сталинизмот не го надживеа Сталин. Лидерот што ќе го наследи Путин ќе мора да смисли нова полиберална идеологија, а најстрашно ќе биде што Русите ќе сфатат дека живелее со теории на заговор дека Западот сака да ги освои. Вакви отприлика се прогнозите на рускиот новинар Андреј Колесников за тоа како ќе изгледа неговата земја кога еден ден Путин ќе мора да ја предаде власта.

Во својата анализа Колесников прави споредба меѓу Русија и нацистичка Германија која морала да се реобмисли себеси по Втората светска војна иако вели дека таквата споредба не е верна. Според него, секој лидер, Горбачов, Хрушчов, Јелцин имал своја „ера на владеење“, што значи посебна идеологија, пренесува Мондо.






Путин не е бесмртен, еднаш ќе мора да се повлече

„Замислувањето на Русија без Путин може да се гледа како форма на терапија, одговор на чувството на целосна безнадежност пред сѐ пострашната војна. Од друга страна, владеењето на Путин еден ден ќе заврши и Русија треба да почне да се подготвува за тоа. Историјата и политиката во Русија се многу персонализирани, а смртта или заминувањето на кој било лидер веројатно ќе исцртаат нов пат за земјата“, пишува Колесников и додава:

фото: pixabay.com

Путинизмот нема да го надживее Путин, ќе има нова идеологија

„Смртта на Сталин доведе до затоплување, додека соборувањето на Хрушчов една деценија подоцна ја воведе ерата на Брежњев на стагнација, што на крајот отстапи место за реформската агенда на Горбачов. Во поново време, одлуката Дмитриј Медведев да не се кандидира за втор претседателски мандат му го отвори патот на Путин да се врати на чело на државата и ги означи крајот на руската политика на нормализација и зората на авторитаризмот“.

„Путин еден ден ќе мора да се повлече од претседателската функција, без разлика колку членовите на руската елита се залажуваат дека тој е бесмртен. Кога Путин ќе го нема, многу работи ќе се сменат, а руската историја нè учи дека дури и ако путинизмот го надживее Путин, нема да трае долго: следниот руски лидер речиси сигурно ќе биде принуден да се либерализира за да го обезбеди својот опстанок “, смета Колесников, кој вели дека на Русите ќе им биде многу тешко по заминувањето на Путин, бидејќи тоа ќе повлече суштински промени.

Наследникот ќе сака да го отфрли воениот дух на земјата

„На Русите ќе им биде потешко да излезат од вртлогот на хибридниот тоталитаризам отколку што ќе им биде на Германците или Шпанците. Режимот на Путин сега постои само како средство за самоодржување – што, во оваа доцна фаза, бара војна. Повлекување од воениот конфликт би значел отстапување на власта на другите, правејќи го првиот предизвик за секој наследник на Путин е категорично да го отфрли милитаризмот. И покрај она што го велат пропагандистите на Кремљ, непријателот не е пред портите на Москва и Русија не е во опасност да биде окупирана“, анализира рускиот новинар.

фото: твитер/принтскрин

Изолирана како Северна Кореја, збунета како нацистичка Германија

„Токму спротивното е случај. Откако рускиот бренд на путинизам ќе истече, тој ќе ја остави земјата на исто ниво со Северна Кореја во поглед на привлекување инвеститори. Не може да се очекува помош од Западот ниту во руската пост-путинска транзиција и затоа не се баш верни споредбите со Германија по Втората светска војна. Наместо тоа, Русите ќе мора да се вклучат во процес на самоиспитување за да се борат против нивното историско незнаење наметнато од режимот и да работат напорно за да ги обноват за’рѓаните институции во земјата“, наведува Колесников во својот авторски текст.

Русите ќе се соочат со фактот дека живееле во заговор

Новинарот вели дека либерализацијата што според него ќе мора да се случи по падот на Путин ќе ги натера Русите конечно да се помират со своето минато.

„Либерализацијата, исто така, ќе ја принуди Русија да се пресмета со сопственото минато, да одлучи еднаш засекогаш каде се нејзините национални граници, да се соочи со својата морална и финансиска одговорност кон Украина и да се соочи со својата колективна вина и колективна одговорност за војната“, пишува Колесников.

„По една деценија живеење на диета од диви теории на заговор за русофобијата и понижување на земјата од Западот, Русите ќе мора да се соочат со психолошкиот товар што падна на целото население на земјата. Елитите се дискредитирани. Сепак, дури и во повоена Германија, поранешните членови на Нацистичката партија заземаа високи административни, па дури и политички позиции“, објаснува тој.

Милијардерите и дисидентите од странство ќе дојдат на функција?

„Невозможно е да се предвиди како ќе се поделат картите, но брзината на закрепнувањето на Русија од моралната и политичката бездна во која падна зависи од квалитетот на оние кои се обидуваат да ја извлечат земјата од неа. Германија имаше среќа, ги имаше Аденауер и Ерхард, додека Шпанија го имаше кралот Хуан Карлос. Русија има импресивна клупа од резерви кои отслужуваат затворски казни или живеат во странство, и иако тоа може да биде кратко, останува причина за оптимизам“, заклучува рускиот новинар.

Поврзани содржини