КАКО Е ДА СЕ ОДГЛЕДУВА ДЕТЕ СО ПОПРЕЧЕНОСТ? Добредојдовте во Холандија!
Често ме прашуваат да го опишам моето искуство за одгледување дете со пречки во развојот - да се обидам да им помогнам на луѓето кои го немале тоа единствено искуство да го разберат, да замислат како би се чувствувале. Вака изгледа…
Чекањето бебе е како да планирате прекрасно патување – во Италија.
Купувате еден куп водичи и правите прекрасни планови. Колосеум. Давид на Микеланџело. Гондоли во Венеција. Можеби ќе научите некои нови корисни фрази на италијански. Сè е многу возбудливо.
По неколку месеци исчекување, тој ден конечно доаѓа. Ги пакувате куферите и одите. Неколку часа подоцна авионот слетува. Доаѓа стјуардесата и вели: „Добредојдовте во Холандија“.
„Холандија ???“ велите вие. „Како мислите во Холандија? Се пријавив за Италија! Би требало да бидам во Италија. Цел живот сонував да одам во Италија“.
Но, имаше промена во планот на летот. Авионот слета во Холандија и мора да останете таму….
Целиот расказ „Добредојдовте во Холандија“ прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.
(Aвторка е Емили Перл Кингсли, писателка и членка на тимот на автори на детската радио емисија „Sesame Street”, мајка на Џејсон, млад човек со Даунов синдром и застапничка за правата на децата и возрасните со инвалидитет. Таа ја напиша приказната „Добредојдовте во Холандија“ во 1987 година.)