КАКО ДА ЗАШТЕДИТЕ ДО 40% НА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА? Паметниот избор на снабдувач носи реални бенефити

На либерализираниот пазар компаниите сами го избираат снабдувачот, а разликата во цената на електричната енергија може да биде значајна.

32

Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз своите трошоци за струја. Разликата не е занемарлива, а во одредени случаи заштедата може да достигне и до 40 проценти.

За да се разбере каде настанува оваа разлика, потребно е да се погледне структурата на сметката за електрична енергија. Таа вообичаено ги содржи следните ставки: надоместок за потрошена електрична енергија, надоместок за дистрибуција („мрежарина“), фиксен надомест за пристап до мрежата, ДДВ и комунална такса за јавно осветлување.






Важно е да се нагласи дека сите давачки поврзани со мрежата се регулирани од Регулаторна комисија за енергетика и се исти без разлика на тоа кој е снабдувачот. Вистинската разлика се создава кај главната ставка — цената на потрошената електрична енергија.

Од компанијата ЕДС, која е дел од „PPC Group“, посочуваат дека нивната предност произлегува од големината на портфолиото, оптимизацијата и регионалната инфраструктура.

„ЕДС секојдневно купува значителни количини електрична енергија, што овозможува оптимален енергетски дијаграм на балансната група и пониски трошоци за балансирање. Благодарение на ефикасното управување, трошоците за отстапување се сведени на минимум, а компаниите добиваат гарантирана цена и поголема финансиска предвидливост“, наведуваат од компанијата.

Во современото деловно окружување, струјата повеќе не е само оперативен трошок, таа станува стратешка категорија. Паметниот избор на снабдувач значи подобра контрола врз расходите, поголема предвидливост и можност за директна финансиска заштеда што може да се насочи кон инвестиции и развој.

Бројките, како што посочуваат од секторот, покажуваат дека разликата меѓу снабдувачите може да биде мерлива и значајна.

Поврзани содржини