КАКО ДА СЕ ПОМИНЕ МЕСЕЦОТ? Минималните трошоци на семејството со ученик достигнаa 42.342 денари

Синдикатот пресмета дека тргнувањето на училиште на едено дете од семејството дополнително ги зголеми трошоците за 8.000 денари.

243

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во август се зголемени за 214 денари во однос на јули, покажуваат податоците од најновата синдикална кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Во август на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните потреби му требале 34.342 денари, а доколку во семејството има барем еден ученик, тогаш трошоците се зголемуваат најмалку за 8.000 денари или во тој случај синдикалната кошница би изнесувала 42.342 денари.






Најмногу пари се одвојуваат за храна и пијалоци вкупно 14.633 денари и за домување 10.818 денари. За лична хигиена ,според пресметките на синдикатот биле потребни 2.382 денари, а за превоз минимум 2.529 денари. За културни активности минимум биле потребни 1068 денари, а за здравје 736 денари.

– Анализите на ССМ покажува дека трошоците за живот континуирано се зголемуваат, а платите стагнираат. Трошоците на живот се исто така динамични. Според податоците што ги објавува Државниот завод за статистика, најмногу пораст е забележан ка храна и пијалоци со 1,5 отсто и тоа кај зеленчукот 15,8 отсто, сирењето и урдата 1,1 отсто,  како и месото, лебот и млекото. Посебен товар за граѓаните односно на едно четиричлено семејно домаќинство овој месец е и почетокот на учебната година за кој според податоците кои се официјално достапни и изнесени во јавност, родителите треба да одвојат најмалку по околу 8.000 денари по дете кое посетува настава во основно или средно училиште – велат од ССМ.

Оттаму сметаат дека е оправдано нивното барање минималната плата да биде најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата бидејќи две минимални плати не се доволни за да ја покријат синдикалната минимална кошница.

 

Поврзани содржини