КАКО ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ СКЛОНОСТИТЕ КОН САМОУБИСТВО КАЈ ТИНЕЈЏЕРИТЕ? Има 3 три главни фактори на ризик за самоповредување
Ако е можно навреме да се идентификуваат склоностите кон самоубиство, може да се посвети повеќе време и енергија на оние групи за кои се проценува дека се изложени на ризик дури и пред да се обидат да се повредат.
Една нова студија покажала дека постојат одредени „знаци“ кои може да укажуваат на зголемен ризик од самоповредување кај адолесцентите. И важно е родителите да ги знаат, за да обрнат внимание. Менталното здравје на младите е многу поважно отколку што многумина мислат, а пандемијата само откри колку тоа било занемарено и колку треба на тоа да се работи.
Самоповредувањето е во пораст кај младите, а самоубиството е една од водечките причини за смрт во адолесценцијата.
И иако не постои магичен лек, постојат студии кои можат да ги водат родителите во вистинската насока или барем да им дадат до знаење што да бараат.
Според Medical Xpress, Кралскиот колеџ во Лондон спровел истражување кое покажало дека аутизмот, АДХД и бегството се фактори на ризик за самоповредување.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.