КАКО ДА СЕ ХРАНИТЕ И ПОЗДРАВО И ПОЕВТИНО? Направете план и гответе дома
Дали е можно добро да се јаде, а притоа и да се заштеди? Секако дека е можно, а најдобро од сè е што на овој начин ќе се храните и поздраво отколку досега
Ретко кој човек не ужива во храната. Сите ние сакаме понекогаш да си купиме кроасан во омилената пекара, а понекогаш пак да седнеме и на вистински оброк во омилениот ресторан. Без оглед на кој начин се развеселуваме себеси одвреме навреме, важно е да се рационализира потрошувачката. Но дали е можно да се заштеди, а притоа и сè уште да се храниме добро? Да, можно е, а еве и како:
Првиот чекор е откажување од рестораните. Без оглед дали станува збор за ресторани за брза храна во кои трошите разумни суми или пак за подобри ресторани со поквалитетна храна, ако сакате да заштедите, откажувањето од јадењето надвор ќе биде првиот чекор. Ако не сакате целосно да се откажете, можете трошењето во ресторани да го сведете на еднаш до двапати месечно или помалку, само за некои специјални поводи.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.