КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ПАМЕТЕН ЧОВЕК? Знае да си игра со спротивни идеи, оригинален е и скромен
Паметниот човек може да има неколку спротивставени идеи во своите мисли и да ги исплете во единствен и логичен, убедлив наратив. Ова е веројатно најважниот аспект на интелигенцијата во денешниот комплициран свет – многу работи содржат само фрагмент од вистината, што прави тешко да ја видиме „големата слика“ од хаосот околу нас. Глупавите луѓе сакаат едноставност – работите за нив мора да бидат или црни или бели.
Глупавите луѓе обично немаат капацитет да ја препознаат интелигенцијата на паметна личност освен ако тоа не им се каже. Потребно ли е да сте паметни, за да препознаете паметен соговорник? Ако го поставите ова прашање на социјалната мрежа Quora, која важи за место каде се среќаваат исклучителни умови, ќе добиете разни одговори.
Ова е одговорот на Крис Чен од Беркли, сопственик на фирма за медицинско консултирање. Неговиот одговор го лајкнале над 1.000 луѓе, палец надолу му дале околу 1.500, но сè на сè го виделе 2 милиони корисници.
Јасност на мислата
Тој е многу прецизен кога размислува, точно знае за што зборува. Тој не ги меша работите лесно и секогаш е јасен за концептот. Веднаш можете да забележите дека некој не е толку паметен ако помеша еден концепт со друг, особено ако тоа сте му го посочиле.
Ефикасен процес на размислување
Тој стигнува до поента без да мора да се бори низ долг и напорен сложен процес на размислување. Брзо, без напор и прецизно ја идентификува суштината на проблемот. Луѓето кои постојано ја пропуштаат поентата не можат да бидат многу паметни.
Елеганција во искажувањето идеи
Тој е способен да објасни сложени идеи со едноставни, а понекогаш дури и убави термини за другите да „го сфатат“. Помалку интелигентните луѓе користат големи и фенси зборови, користат елаборирани показни дискурси за да објаснат релативно едноставни идеи – ние нив ги нарекуваме оние „полни со топол воздух“. Ако на крајот сте повеќе збунети откако претходно ќе слушнете што ви велат тие – личноста што ги објаснува работите НЕ е паметна.
Оригиналност
Тој кажува нешто од време на време што е толку проникливо и уникатно за заедничка тема без воопшто да се обидува – за нешто што на луѓето им е познато, но сепак неговиот став за тоа е толку освежувачки и оригинален, што би доживеале „аха“ момент. Глупавите луѓе го повторуваат она што го слушаат од другите луѓе – иако можеби малку ги преспакувале зборовите, но знаете дека „сте слушнале за ова порано“.
Може да си игра со контрадикторни идеи
Паметниот човек може да има неколку спротивставени идеи во своите мисли и да ги исплете во единствен и логичен, убедлив наратив. Ова е веројатно најважниот аспект на интелигенцијата во денешниот комплициран свет – многу работи содржат само фрагмент од вистината, што прави тешко да ја видиме „големата слика“ од хаосот околу нас. Глупавите луѓе сакаат едноставност – работите за нив мора да бидат или црни или бели.
Секогаш наоѓа заеднички јазик
Глупавите луѓе имаат многу проблеми со нијансите – тие се држат до своето мало парче „вистина“ и искрено веруваат дека ја разбрале целата работа. Тие не можат да поднесат кога луѓето не се согласуваат со нив. Од друга страна, паметните луѓе ги гледаат заедничките страни и многу полесно наоѓаат заеднички компромис.
Интроспекција
Ова не е вообичаено дури и кај „паметните“ луѓе, но секако е знак за високо ниво на интелигенција за оние што го имаат: нивната точна процена на „себеси“. Паметниот човек ги знае сопствените силни и слаби страни, свесен е за тоа што знае, а што не знае, што може, а што не може и како другите гледаат на него.
Скромност
Друга особина на карактерот на „паметните“ луѓе, но не ја имаат сите паметни луѓе. Кога некој е скромен, тој ви дозволува да видите помалку од неговото вистинско јас. Тој всушност знае повеќе отколку што мислите дека знае и е способен за повеќе отколку што мислите дека е. Тој се потценува себеси.
Во принцип, знаете дека разговарате со паметна личност кога тој ве натера да се чувствувате паметни за себе. Тој ви дозволува да ја видите неговата гледна точка и ви се допаѓа она што го гледате.
А, ако личноста е премногу желна да ви покаже колку е паметна, тогаш можете да бидете сигурни дека тој човек НЕ е многу паметен.