Како да потрошите 500.000 евра за двонеделен карантин? Холивудската ѕвезда го има одговорот! ФОТО

1,561

Актерот Марк Валберг престојува во Австралија за да снима реклама за една позната компанија за обложување и коцкање. Австралиските власти не сакаат да ризикуваат со внесувањето на коронавирусот, па секој патник со доаѓањето во нивната земја мора да помине карантин, а Валберг за тоа одлучил да потроши 500.000 евра.

Австралиските власти го одредиле и местото каде што Валберг и неговиот тим треба да го поминат карантинот, но луксузниот хотел што му бил понуден на актерот не бил доволно добар, па тој побарал и добил дозвола од австралиските власти со тимот да се самоизолираат во луксузното место Бајрон Беј на брегот.






Како што пишува „Дејли мејл“, самоизолацијата во ова место започнува со цена од околу 7.000 евра за една ноќ, но во цената е вклучена и дневна и ноќна заштита која се состои од двајца полицајци, кои покрај чувањето на ѕвездата, ќе внимаваат и тој да го почитува протоколот за карантин.

Во приправност е и приватна итна помош, а карантинот со сите дополнителни трошоци на Валберг, или на продуцентската компанија, ќе ги чини речиси половина милион долари.

Иако во Австралија ќе престојува само две недели, Валберг инсистирал на тоа со себе да ја носи и сопствената опрема за вежбање.

 

Поврзани содржини