КАКО ДА ПИШУВА ДОМАШНА КОГА ИМА ПИРС НА ПРСТОТ? Кардашијанки сметаат дека школото е застарено

Зошто децата одат во училиште? Реално. Застарено е. Сметам дека треба да се образуваат дома – рече Кортни и додаде дека нејзините деца ѝ праќале видеа од успешни луѓе кои не оделе на училиште.

489

Ким Кардашијан повторно се соочи со критики од јавноста откако изјави дека децата не треба да пишуваат домашни, а на својата 12-годишна ќерка Норт ѝ дозволила да има пирс на средниот прст.

Неодамна таа беше критикувана за несоодветниот аутфит на Норт која се појави со корсет и деколте.






„Пирсовите на прстот заздравуваат многу тешко. Дланките се едно од највалканите места на телото бидејќи ги користиме постојано, па не е паметно таму да се стави пирс, зашто ќе се инфицира“, се наведува во еден од коментарите.

Кардашијан неодамна изјави дека не верува во домашни работи.

– Но, ќе ти кажам зошто. Децата се на училиште по осум часа дневно. Кога ќе си дојдат дома треба да спортуваат, да имаат живот, да поминат време со семејството. Мислам дека домашните задачи треба да се завршуваат на училиште – рече Ким.

Пирсот на прстот на Норт

Нејзината сестра Кортни, исто така даде чудна изјава за училиштето, кое го нарече застарено.

– Зошто децата одат во училиште? Реално. Застарено е. Сметам дека треба да се образуваат дома – рече Кортни и додаде дека нејзините деца ѝ праќале видеа од успешни луѓе кои не оделе на училиште.

И оваа изјава наиде на критики во јавноста:

„Мене ме интересира дали ќе најми наставник или сама ќе ги учи децата“.

„Децата треба да одат на училиште за да не бидат како неа и другите Кардашијанс“.

Кортни се пофали дека работи само еден ден во неделата.

– Тоа што повторно станав мајка го разбуди мајчинскиот инстинкт во мене. Имам силна желба да не одам на работа и да останувам дома со децата. Па, работам можеби еднаш неделно – рече таа, по што следуваа критики дека изгубила контакт со реалноста.

 

Поврзани содржини