Повеќето граѓани, иако им е јасно како коронавирусот се пренесува, сепак не знаат што прво да прават кога ќе ја отворат вратата од својот дом, по враќање од работа или од продавница.
Тоа се, освен ако имате гости кои сѐ уште не знаат дека во себе носат вирус, критични моменти за внесување на ковид-19 во својот дом.
Инфектолозите препорачуваат како да се заштитите од овој вирус.
Од каде и да се враќате, прво нешто што треба да направите кога ќе влезете дома е веднаш да ги собуете обувките. Облечете домашни влечки и јакните или капутите веднаш изнесете ги на тераса. Потоа веднаш одете во купатило и мијте ги рацете со тврд сапун најмалку 20 секунди под топла вода. Потоа пресоблечете се. Никакао не бакнувајте се и не прегрнувајте се со децата и останатите домашни – препорачуваат епидемиолозите.
Доколку сте тргнале на пазарување или во продавница, многу е важно да држите растојание од првата личност до себе повеќе од еден метар.
И тука важи правилото да нема бакнување, ракување и прегрнување со познаници и пријатели кои таму сте ги сретнале. Во продавница држете растојание, а намирниците кои сте ги донеле во ќеси, спуштете ги на под, повторете ја постапката при влегување дома, а потоа храната, овошјето и зеленчукот извадете ги од ќесата, ставате ги кај што вообичаено ги ставате, а ќесите фрлете ги – нагласуваат епидемиолозите.
Воедно тие додаваат дека треба почесто да се дезифицираат работните површини во кујната.
Чистете со правосмукалка и бришете ги подовите. Водете сметка за хигиената, а доколку почувствувате симптоми, а знаете дека сте биле во контакт со лица за кои се сомневате дека се болни или доаѓаат од жариште на зараза, јавете се на телефоните што ги препорача Министерството за здравство или во здравствена установа.
Не користете лифтови
Освен што качувањето и симнувањето по скали е корисно за здравјето, можете да избегнете средба со вирусот во лифтот.
Извор: Курир.рс