КАКО ДА МУ ОБЈАСНАМ НА ОСМАНИ Генчовска вели дека Бугарија не го менува ставот за Македонија

На прашањето на БГНЕС дали очекува промена на ставот на Бугарија за укинувањето на ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и претстојниот Совет за општи работи, Генчовска рече: „Не. Нашиот став во Советот за општи работи нема шанси да се смени, бидејќи таква тема нема“.

1,434

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи. Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме во чие поле е топката, рече за БГНЕС министерката за надворешни работи Теодора Генчовска

Таа ова го изјави по повод денешната изјава на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи дека топката е во полето на Бугарија и нашата земја нема јасен и единствен став за Македонија.






– Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува. Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме во кој тим е или на кој терен. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи – рече министерката Генчовска.

На прашањето на БГНЕС дали очекува промена на ставот на Бугарија за укинувањето на ветото за почеток на преговорите меѓу Македонија и претстојниот Совет за општи работи, Генчовска рече: „Не. Нашиот став во Советот за општи работи нема шанси да се смени, бидејќи таква тема нема“.

Таа категорично ги отфрли обвинувањата на премиерот Димитар Ковачевски дека Бугарија ги земала Македонија и Албанија како заложници.

– Тие не го исполнуваат договорот, ни требаат специфики. Веќе изгубивме 5 месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот – рече Генчовска во одговор на прашање на БГНЕС.

Поврзани содржини