КАКО ДА МЕ ПРЕГАЗИ ВОЗ, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ ЗА ПОРАЗОТ ОД СИНЕР „Некој помлад да ми го позајми телото“
Имам тело какво што имам. Благодарен сум на сè што ми дал Бог. Ако некој помлад сака да ми го позајми телото за една година, би го прифатил со задоволство, само да ги победам овие момци, рече српскиот ас правејќи шега на своја сметка.
Јаник Синер му зададе тежок удар на Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот „Шест кралеви“ во Ријад. Италијанецот го совлада српскиот ас со убедливи 6:4, 6:2. По мечот, Ѓоковиќ застана пред камерите и со невообичаена искреност ја отвори душата.
– Искрено, се чувствував како да ме прегази воз. Погодуваше од сите агли, се обидував да издржам, беше предобар. Му честитам и му посакувам среќа во финалето. Ријад, ви благодарам за поддршката, навистина ја чувствуваме љубовта кон тенисот“, -изјави Ѓоковиќ пред публиката, која го испрати со аплаузи.
Меѓутоа, тој не застана тука. Кога водителот Ендру Касл го праша што го мотивира да продолжи да се бори против младите ѕвезди како Синер и Карлос Алкараз, Ѓоковиќ се насмеа и одговори со шармантна самоиронија:
– Секогаш вреди, затоа што го сакам тенисот. Никогаш не е убаво кога некој ти го испраши задникот на теренот. Но, неверојатно е што сè уште можам да се натпреварувам на највисоко ниво и да бидам меѓу најдобрите – рече тој.
Притоа, Новак не ја пропушти шансата да се пошегува на своја сметка.
– Имам тело какво што имам. Благодарен сум на сè што ми дал Бог. Ако некој помлад сака да ми го позајми телото за една година, би го прифатил со задоволство, само да ги победам овие момци – додаде со насмевка.
Сепак, зад хуморот се почувствува и тивка решителност.
– Ќе продолжам да ги предизвикувам, колку и да е тешко. Страста сè уште е тука, и тоа е она што ме движи – заклучи Ѓоковиќ.