Како да го пополните формуларот без кој oва лето нема да можете да влезете во Грција

Неопходно е да ги внесете основните информации за вас и членовите на семејството, или други лица со кои патувате, за тоа каде живеете, дали сте биле во странство во последните 14 дена и да оставите телефонски броеви.

832

Пред неколку дена беа отворени сите наши гранични премини, но се уште не е познато кога граѓаните на Македонија ќе можат да влезат во Грција. Кога и да биде тоа дозволено, влез кај нашиот јужен сосед ќе биде возможен само доколку го пополнат образецот за лоцирање на патници (PLF) најмалку 48 часа пред да влезат, а истиот може да го најдете на овој линк.

Неопходно е да ги внесете основните информации за вас и членовите на семејството, или други лица со кои патувате, за тоа каде живеете, дали сте биле во странство во последните 14 дена и да оставите телефонски броеви.






По испраќањето на образецот, наскоро ќе добиете е-пошта со која ќе потврдите дека грчките власти го добиле формуларот, а малку подоцна и потврда со „QR“-код, што ќе можете да го прикажете на вашиот телефон на границата, а може да ја испечатите и потврдата.

Чекор број 1

Во првиот чекор од пополнување на формуларот, од вас е побарано да напишете дали доаѓате во Грција, со авион, брод или земја, и ако тоа е копното, мора да го наведете видот на превозот со кој доаѓате (автобус, автомобил или воз). Тогаш ќе мора да ги внесете регистарските таблички, датумот на влегување во Грција, како и преку кој премин ќе влезете.

Чекор број 2

Во следниот чекор, ги пополнувате вашето име, презиме, колку години имате, бројот за пасош и телефонскиот број.

Чекор број 3

Следна е информацијата за тоа каде живеете, општината (што се нуди во менито), градот, адресата и поштенскиот код (ZIP).

Чекор број 4

Потоа треба да ја внесете точната адреса на хотелот, станот или куќата/aпартманот каде ќе престојувате во Грција, како и регионот (исто така понуден во менито) и поштенскиот код, кои можете да ги најдете со едноставно пребарување на Интернет.

Чекор број 5

Тогаш само треба да ги внесете имињата, презимињата и годините на луѓе под 18 години кои патуваат со вас.

Чекор број 6

Конечно, неопходно е да ги оставите деталите за контакт на кое било лице за кое сметате дека може да стапи во контакт со вас брзо, во случај на итни случаи и вонредна состојба.

Поврзани содржини