КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ПРВИТЕ СИМПТОМИ НА АУТИЗАМ? Ако ги забележите, не чекајте детето да наполни 3 години
Кога родителите забележуваат одредено отстапување во развојот, бесмислено е да се чека, бидејќи до три години веќе се формира клиничката слика на аутизмот, вели д-р Тијана Антин Павловиќ, српска психијатарка која 13 години се занимава со детски аутизам.
Аутизмот е невро-развојно нарушување чии симптоми можат да се забележат веќе во првите години од животот. Се карактеризира со проблеми во социјалната интеракција и комуникација, како и со повторувачки, стереотипни обрасци на однесување, активности и интереси, а на родителите е да реагираат на првите симптоми и да се консултираат со лекар што е можно поскоро.
„Родителите забележуваат одредено отстапување во развојот и се загрижени. Тогаш најчесто се јавуваат кај педијатарот во Здравствен дом и потоа добиваат одговор дека не треба да се грижат, дека не е ништо, дека детето ќе проговори, дека има време до три години и слично. Бесмислено е да се чека, бидејќи до три години веќе се формира клиничката слика на аутизмот“, вели д-р Тијана Антин Павловиќ, српска психијатарка која 13 години се занимава со детски аутизам.
Таа истакнува дека аутизмот го дијагностицира психијатар и дека ова нарушување е четири до пет пати почесто кај момчињата отколку кај девојчињата.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.