Се буди наутро и чувствува тегоби во желудникот:
– Ќе се напијам една мастика на гладно срце, тоа е лек за гастритис.
После појадокот чувствува дека притисокот му е паднат:
– Чаша црвено вино е лек за притисок и за срце. Може и две…
Потоа следува надуеност во стомакот.
– Хмм… Ќе испијам еден пелинковец.
Како што минува денот, се полни бешиката и чувствува нелагодност.
– Има лек и за тоа. Едно до две пива се одлични за бубрезите.
Пред ручек…
– Аман, не бива и вака, цел ден на лекови. Време е малку да се опуштам. Ќе си направам една салата, ќе бапнам две ракии пред ручек, а за после ќе видиме!