КАКО ДА ГИ НАТЕРАТЕ ДЕЦАТА ДА БИДАТ АКТИВНИ? Татко ја уверил ќерката дека го напојува телевизорот вртејќи ги педалите
Еден татко ја убедил ќеркичката да користи собен велосипед за да го напојува телевизорот и дека само на тој начин може да гледа цртани филмови
Татко решил да ја измами ќеркичката за да ја натера да биде поактивна. Тој ѝ рекол дека со возење велосипед го напојува телевизорот со струја и дека само така може да гледа цртани филмови.
Ставил велосипед во дневната соба и секогаш кога таа ги вртела педалите, на телевизорот се емитувал цртан филм. Штом таа ќе застанела, тој го запирал цртаниот филм зад неа со притискање на копче на далечинскиот управувач.
Видеото можете да го видите на порталот „МАЈКА И ДЕТЕ“.