КАКО ДА ЕКСПЛОДИРАЛА БОМБА Страшни снимки од Германија и Австрија, луѓе се борат за живот со поројот (ВИДЕО)

Досега во поплавите кои беснеат во Германија, Белгија, Холандија, и од вчера во Австрија, животот го загубија 183 лица, а илјадници се водат како исчезнати.

11,513

Поплави денеска ја погодија и Баварија во јужна Германија, при што загинаа најмалку едно лице.

Округот Берхтесгаденер-Ленд, кој се наоѓа на границата со Австрија, е последната област во Германија погодена од поплавите.






– Изгледа како да експлодирала бомба. Сè е уништено. Ништо не остана од центарот на градот – рече Михаела Волф, производител на вино од еден од германските градови што беше најтешко погодена од катастрофалната поплава.

Обилните дождови изминатите неколку дена доведоа до најголема природна катастрофа во скоро шест децении.

Најмалку 110 лица се загинати во областа Арвејлер јужно од Келн, а полицијата очекува тој број да се зголеми поради повлекувањето на водата и големиот број исчезнати.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц изјави дека Владата ќе одвои 300 милиони евра директна помош, како и неколку милијарди евра за реконструкција на уништени куќи, улици и мостови.

Во меѓувреме, беше најавено дека канцеларката Ангела Меркел ќе ги посети најпогодените делови на земјата.

Предвидено е канцеларката да отпатува во недела до селото Шулд во провинцијата Рајнска област-Пфалц, еден од двата најпогодени региони во Западна Германија, каде што надојдената река Ахр однесе домови.

Илјадници луѓе останаа без покрив над главата, а економската штета од изгубени домови и деловни активности и трошоците за поправка на инфраструктурата веројатно ќе достигнат милијарди.

Силно невреме погоди денеска делови од Австрија, а во текот на ноќта, некои места беа целосно поплавени. Областите околу Халејн и Куфштајн се под вода.

Властите на провинцијата Салцбург го повикаа населението да не ги напушта своите домови и да не се симнува во гаражите и подрумите, и никако да не се приближува до реките.

Во покраината Тирол, пожарникарите имаа вистинска борба со поплавите, поројните води и одроните на земјиштето. На територијата на општината Куфштајн, поројните води носеа автомобили, но и луѓе. Социјалните мрежи се преполни со видеа на кои се гледаат застрашувачки сцени.

Поплавите беснеат во Белгија, Холандија и од вчера во Австрија. Досега животот го загубија вкупно 183 лица.

Поврзани содржини