Како да доживеете 100 години во Македонија?

806

Новинар од локалниот скопски весник дознава дека извесен дедо Никола од Ѓорче Петров наскоро ќе дувне 100 свеќички на роденденската торта.

По тој повод, новинарот решава да му тропне на вратата на славеникот и да направи ексклузивно интервју со еден од најстарите жители на градот.






– Дедо Никола, која е тајната за долговечноста? – прашува новинарот.

– Ех, дете мое. Тоа не е некоја голема филозофија, но ајде ќе ти кажам. Тајната е во тоа што еднаш во годината му правам шок алкохолна терапија на организмот.

– Шок алкохолна терапија? И колку ракија испиваш тој ден?

– Работата е во тоа што само тој ден не пијам!

Поврзани содржини