КАКО ДА ЈАДЕТЕ ПОВЕЌЕ ОМЕГА-3 КИСЕЛИНИ? Скуша, лосос, харинга, инчуни, пастрмка, сардини…

Бројни студии и научни докази ги поддржуваат здравствените придобивки од омега-3 масните киселини, при што особено се истакнуваат придобивките за кардиоваскуларното здравје.

24

Омега-3 масните киселини се неопходни за здравјето на клетките во телото и нивното правилно функционирање. Тие се есенцијална хранлива материја и мора да се внесуваат преку исхраната, бидејќи човечкото тело не ги произведува. Постојат три главни форми на овие киселини: еикозапентаеноични (EPA) и докозахексаеноични (DHA) киселини се наоѓаат во рибите (на пр. скуша и лосос), додека алфа-линоленска киселина (ALA) се наоѓа во билките, како што се маслото од ленено семе и оревите. Бројни студии и научни докази ги поддржуваат здравствените придобивки од омега-3 масните киселини, при што особено се истакнуваат придобивките за кардиоваскуларното здравје.

Повеќекратни придобивки






Истражувањата покажуваат дека омега-3 можат да помогнат во намалувањето на нивоата на триглицериди, што го намалува ризикот од атеросклероза, која може да доведе до кардиоваскуларни заболувања и срцев и мозочен удар. Се смета дека тие помагаат во намалувањето на ризикот од некои видови рак, Алцхајмерова болест и други деменции, како и макуларна дегенерација поврзана со возраста, вели Ешли Гринвалд, диететичарката и нутриционистка во Медицинскиот центар „Џонс Хопкинс Бејвју“ во Балтимор.

Повеќе за ова прочитајте ТУКА.

Поврзани содржини