КАКО ДА ЈА ЗАБЛАЖИТЕ ЛУБЕНИЦАТА АКО НЕ Е ДОВОЛНО СЛАТКА? Посолете ја!
Зачинот што редовно го користите при готвење сега ќе ви помогне доколку лубеницата што сте ја купиле не е доволно слатка.
Веројатно ви се случило кога избирате лубеница, на пазар или во продавница, таа да не е толку сочна и слатка како што сте очекувале. Можете да стоите, да ја гледате и да ја потчукнувате па сепак понекогаш едноставно се случува да изберете невкусна и недоволно слатка лубеница. Бидејќи летото не можеме да го замислиме без неа, бидејќи ни помага да се хидрираме, но и не засладува во топлите летни месеци, ви откриваме одличен трик кој ќе ви помогне да го подобрите нејзиниот вкус за неколку секунди.
Како може лубеницата да биде послатка? Едноставно е: додадете сол!
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.