КАКО ЧИРАКОТ САХЕР ЈА СМИСЛИЛ НАЈПОЗНАТАТА ВИЕНСКА ТОРТА Сахер тортата владее со светот
Што е толку специфично за оваа торта? Пред сè, совршената хармонија на чоколадо што се топи во устата и џем од кајсии. Чоколаден бисквит со одлична текстура, како и кајсии кои го „смируваат“ слаткиот тон – во секоја комбинација даваат совршена хармонија. Останатото се нијанси.
Една од моите омилени торти, а воедно и една од најпознатите торти во светот, е виенската кралица на слатките – тортата Сахер. Популарната „сахерица“ има свое аристократско потекло, како и цела приказна за својот настанок. Нејзиниот оригинален рецепт сè уште се чува во сефот на хотелот Сахер во Виена, а многумина уверуваат дека дошле во сопственост на „оригиналот“. Иако, секоја „копија“ во нејзиниот случај е совршена.
Што е толку специфично за оваа торта? Пред сè, совршената хармонија на чоколадо што се топи во устата и џем од кајсии. Чоколаден бисквит со одлична текстура, како и кајсии кои го „смируваат“ слаткиот тон – во секоја комбинација даваат совршена хармонија. Останатото се нијанси.
Тортата го добила името по еврејскиот пекар Франц Сахер, кој случајно се нашол на вистинското место во вистинско време. Имено, главниот слаткар, на дворот на војводата Метерних во далечната 1832 година, се разболел и задачата да го направи десертот, му била префрлена на младиот Сахер.
Целиот текст побарајте го на порталот „Арт кујна“.