КАКО БИЛИ АЈЛИШ Констракта од Загреб се вратила со вреќа полна градници (ФОТО)
Констрака на својот инстаграм-профил објави фотографија со градници кои публиката ѝ ги фрлила во текот на настапот.
Можеби ќе ве интересира
Ана Ѓуриќ Констракта, овогодинешната претставничка на Србија на Евровизија, во саботата настапилаа со групата „Земља грува“ во Загреб, а со објавата на социјалните мрежи ги воодушеви сите.
Имено, Констрака на својот инстаграм-профил објави фотографија со градници кои публиката ѝ ги фрлила во текот на двочасовниот настап.
„Собирам градници од сцената, речиси како Били Ајлиш“, напишала пејачката како опис на фотографијата.
Констракта во моментот е една од најпопуларните српски пејачки, а во Загреб настапила со бендот „Земља грува“ и испеаламногу нејзини песни, меѓу кои и песната „In Corpore Sano“, со која го освои петтото место на Евровизија.
Констракта во последните четири години настапува самостојно, иако сè уште е врзана за „Земља грува“, во којашто порано беше главен вокал.
ФОТО: Инстаграм