КАКО БИ ИЗГЛЕДАЛА ДЕСЕТТАТА ДИМЕНЗИЈА? Математиката не познава граници, а ниту времето и просторот!
Еден од начините како добро да ги замислиме овие тела е да ги гледаме во движење. На пример, коцката во четири димензии, наречена тесеракт, можеме да ја восприемаме само како се движи - движејќи се таа влегува и излегува од самата себе.
Живееме во универзум кој има четири димензии – три димензии во просторот и една за времето. Но, тоа не ги спречило математичарите да претпостават дека има безброј димензии, па дури и да измислуваат равенки и геометрии за нив. На пример, коцка во четири димензии која се нарекува тесеракт. Анри Поинкаре прилично се занимавал со овие работи.
Во физиката, овој број засега е ограничен на 11 димензии. Според теоријата на струните, освен основните четири, постојат уште седум, ултра-малечки, скриени димензии кои човекот тешко може да ги поима иако се дел од таканеречениот суперпростор.
Видео на јутјуб уште одамна проба да претстави како би изгледале димензиите по четвртата. Можеби најдобориот начин да се замисли ова е прво да прифатиме дека времето и простор се една иста работа наречена време-простор. Па така, кога зборуваме за времето како четврта димензија, тоа е дел од истиот време-простор, со тоа што, бидејќи сме во четвртата димензија можеме да ја замислиме како тело (кое веќе има три димензии) во движење. Тука зборуваме за движење во едно место, без поместување. Таа е како точка, како нулта димензија.
А по „нултата“ димензија треба да следува повторно првата димензија, односно движење по линија така? Па по плоштина(квадрат), па по цела коцка(три димензии)….Токму така се објасени понатомошните временски димензии – петтата, шестата, па сѐдо десеттата.
Еден од начините како добро да ги замислиме овие тела е да ги гледаме како да се во движење. На пример, коцката во четири димензии, наречена тесеракт, можеме да ја восприемаме само како се движи – движејќи се таа влегува и излегува од самата себе.
Битно е да се напомене дека вистинскиот изглед на тесерактот како човечки битија не можеме да го доживееме целосно, а ова движење е само сенка во третата димензија, слично како што квадратот е сенката која една коцка би ја дала во втората димензија, односно на платно.
Прашањето останува – дали постојат екстра димензии?