КАКО АЗИЈЦИТЕ ДА ГО СФАТАТ ОБИЧАЈОТ ЗА ЧАШКА РАКИЈА НАУТРО, А ДА НЕ МИСЛАТ ДЕКА СМЕ ПИЈАНИЦИ Дубравко Фијачко, тренер за интерпретација на гастрономијата како културно наследство

Храната не зборува само една приказна, приказна за вкусот и мирисот на таа храна, туку и за традицијата, за тоа зошто го правиме тоа, па каков крај е тоа, каква е земјата, климата, обичаите, па и влијанијата. Нејзиниот изглед, мирис и вкус, содржат сто приказни, вели нашиот соговорник, најдобриот лиценциран тренер за интерпретација на наследството

1,746

Ако некое патување, некој историски локалитет, некое јадење или место ви останале во сеќавање и многу години потоа, веројатно се прашувате зошто е тоа така и зошто токму тоа ви оставило толку силен впечаток што го помните со години потоа. Објаснувањето лежи во интерпретативниот пристап на културното наследство, но и на гастрономијата како културен идентитет.

Неодамна бев на тридневна едукативна обука за толкување на наследство за одржлив развој на културниот и природниот туризам со акцент на гастрономијата и иако на почеток мислев дека можеби сум згрешила што сум таму, со оглед на тоа што оваа обука беше пред сѐ, за оние кои работат во областа на туризмот и угостителството и кои произведуваат гастрономски производи засновани на природното и културното наследство, набргу сфатив дека ова може да е интересно и за оние кои пишуваат за храна. За тоа дека на храната може да се гледа како носител на наследството; како пример за разбирање на подлабоката вистина зад нашето културно наследство, за нејзината поврзаност со традицијата и карактеристиките на местото, поточно за „вкусот на местото”. Дека сето ова е познато како „интерпретација на наследството“, дознав од најдобриот лиценциран тренер за интерпретација на наследството и координатор на тимот Eno-Gastro во Interpret Europe, загрепчанецот Дубравко Фијачко. Тој e и автор на програмата за гастро интерпретација, единствена таква, не само во Хрватска, туку и надвор. Исто така, има долгогодишно искуство во туризмот, комуникациите и одржливиот развој (EUROPARC), сопственик е на туристичка агенција, а работел и како радио водител и копирајтер во неколку маркетинг агенции. Во 2021 година ја добил националната награда „Simply the Best“ за соработка со локалната заедница и заедничко производство на креативни туристички производи.






Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини