🎥 КАКО ЈА ДОЧЕКА ЛОНДОН БЕБЕ РЕЏА, ПЕЈАЧКАТА СО АЛБАНСКИ КОРЕНИ Хелоу Лондон! Шат-ап!

Реџа е родена во Бруклин, Њујорк, од родители етнички Албанци од Македонија кои емигрирале во САД во текот на 1980-тите. Пејачката овој месец (февруари) го најави албумот „Dirty Blonde“, а деновиве објави видео на Инстаграм од своето доаѓање во Лондон и ги насмеа обожавателите

390

Познатата американска поп-ѕвезда со албански корени, Бебе Реџа (36), доби непријатно изненадување за време на престојот во Лондон. Додека таа ентузијастички го поздравуваше градот од балконот на станот во кој престојувала, од соседството се слушна гласен извик: Shut up!

Видеото го започна пеејќи: „Еве ме повторно во Лондон!“, а потоа ѝ покажа на камерата панорама од градот. Додека го снимаше зимското сонце што ги осветлуваше блиските згради, пејачката родена во Бруклин гласно извика: „Здраво, Лондон!“






Се чини дека нејзината радост не им се допадна на сите. Од соседството се слушна машки глас, кој ѝ рече да замолчи! Камерата во тој момент се насочи кон нејзиното лице и ја фати пејачката како ја покрива устата од шок со раката, по што таа се насмеа и се повлече во својот стан.

Подоцна саркастично го коментираше настанот на Инстаграм. „Ја чувствувам љубовта во Лондон“, напиша таа. Нејзината колешка Рита Ора исто така одговори во коментарите: „Не замолчувај, хаха, умирам од смеа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Инаку, Бебе Реџа е родена како Блета Реџа на 30 август 1989 година, во Бруклин, Њујорк, од родители Албанци од Македонија. Нејзиниот татко, Фламур Реџа, е роден во Дебар, кога Македонија беше дел од Југославија и емигрирал во САД на 21 година.

Мајки е по потекло од Гостивар.

Бебе Реџа е првата од нејзиното семејство родена во Соединетите Американски Држави.

Минатата недела, Реџа го најави албумот „Dirty Blonde“ и го сподели првиот сингл, „I Like You Better Than Me“. Таа ќе ги објави сите песни од албумот една по една во партнерство со независната издавачка куќа EMPIRE.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bebe Rexha (@beberexha)

Поврзани содржини