КАФУЛЕ „Z“ ВО ПОДГОРИЦА Келнерите гордо го носат про-рускиот симбол (ФОТО)

Антон Герашченко, заменикот-министер за внатрешни работи на Украина, на својот Твитер профил објави фотографија од келнер од подгоричкиот „Руски бар“, со прашањето: Дали е вистина дека вработените ја носат таа ознака?

321

Амбасадата на Украина во Црна Гора најостро ја осуди управата на кафулето во Подгорица, „Руски бар“ во блокот пет, чии вработени ја носат буквата „Z“ (З) на работните униформи. Тоа е симбол на руската инвазија на Украина, која започна на 24 февруари.

фото: МИА





Според објавата на официјалниот профил на Фејсбук, Украинската амбасада поради ова испратила допис до надлежните органи на Црна Гора:

„Ние сме револтирани што еден од угостителските објекти во главниот град на Црна Гора толку смело и отворено ги поддржува руските злосторства против Украина. Амбасадата испрати нота до надлежните органи на Црна Гора и ќе чека официјален одговор“.

Црногорските надлежни органи засега не соопштуваат ништо.

Антон Герашченко, заменикот-министер за внатрешни работи на Украина, на својот Твитер профил објави фотографија од келнер од подгоричкиот „Руски бар“, со прашањето: Дали е вистина дека вработените ја носат таа ознака?

Поврзани содржини