Кафеаните сѐ уште нема да организираат свадби, крштевки и забави
Владата ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести со која се продолжува забраната за организирање семејни забави во угостителски објекти.
Останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матурски, кршевски и слично во угостителските објекти со цел да се спречи ширењето на ковид -19.
Ваква одлука денеска донесе Владата, односно таа на седница го усвои мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти.