Кафеани во Струга, на Пониква и во Маврово добија кривични

927

Девет пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на ковид-19 поднел Државниот пазарен инспекторат за време на продолжениот викенд. Државниот инспекторат за труд донел четири решенија и три укажувања на работодавачите веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките.

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од коронавирусот, соопшти Владата.





Државниот пазарен инспекторат денеска до 16 часот поднел пет кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на ковид-19 од кои три во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.
Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.
Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби. Државниот инспекторат за труд донел четири решенија и три укажувања на работодавачите за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените  од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.
Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно, се додава во владиното соопштение.
Поврзани содржини