КАФЕ СРЕДБА Контроверзниот рапер со бизарна маска се сретна со адвокатот на Трамп (ФОТО)

Раперот носел маска за лице налик на Ноќта на вештерките, слична на онаа што ја носеше изминатиот викенд во Венеција.

470

Контроверзниот рапер Канје Вест одлучил повторно да носи маска на целото лице во Њујорк во вторникот, овој пат во текот на средбата со поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен.

Четириесет и четири годишниот рапер и Коен (55) се сретнале во Њујорк во вторникот и биле фотографирани како пијат кафе на Апер Ист Сајд, а „Пејџ сикс“ ги сподели фотографиите. Според медиумот, ова била втора средба за двајцата во кафе барот на хотелот „Loews Regency“, откако таму се состанале претходно овој месец.






Раперот носел маска за лице налик на Ноќта на вештерките, слична на онаа што ја носеше изминатиот викенд во Венеција, Италија. Маската го покрива целото лице и вратот, оставајќи процепи за очите, ноздрите и устата.

Коен наводно му помага на Вест со продажба на недвижности.

Коен на медиумите им објасни зошто раперот се одлучил за овој необичен изглед.

– Целта на маската е да не го препознаваат луѓето. Во првите 10 минути му пријдоа многу луѓе кои сакаа да се поздрават и фотографираат. Потоа одлучил да ја стави маската за да се сокрие од очите на јавноста. Очигледно е дека неговиот план не успеа – раскажал Коен.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by vision (@nofakehype)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини