„КАЕВСКИ ОД ГОЛТАР СТАНА МИЛИОНЕР СО ПРОНЕВЕРИ ВО АМС“ Фатен е на дело, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Каевски е фатен на дело и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста. Тоа се кадрите на СДС;М, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција, се наведува во партиското соопштение, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
„Дарко Каевски како директор на Агенцијата за млади и спорт заобиколувајќи ги законските процедури извршил распределба на пари преку така наречените ваучери до клубови и федерации, кои одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите да ги добие назад преку даночно ослободување.
Каевски е фатен на дело и веќе на сите им е јасно зошто излегуваше и ширеше лаги и манипулации во јавноста. Тоа се кадрите на СДСМ, како Дарко Каевски, вмешани во криминал и корупција, се наведува во партиското соопштение“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:
„Време е Македонија да се ослободи од криминалците како Каевски. Време е да ја вратиме Македонија на народот. Македонија повторно твоја!“