КАДРОВСКИ ОСВЕЖУВАЊА ВО КОМОРАТА Избрани се двајца нови потпретседатели и уште 3 членови на Управниот одбор

Зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

992

Собранието на Стопанската комора избра 5 нови членови на УО. Двајца од нив се потпретседатели и тројза нови членови на Одборот.

Нови потпретседатели на УО се Анита Блажевска од ФИЛИП МОРИС ТКП и Ирена Јакимовска од компанијата „Комфи Ангел“.






Во УО се избрани и Снежана Савиќ Димовска од „Пивара Скопје“ , Ана Таневска Ѓерѓиевска  од  „Македонијатурист“ и Горан Мауровски од „ФАКОМ“.

Од Комората информираа дека е во тек постапка за вклучување на Јордан Димитровски  од  „АИТОНИX“, Жарко Димитриоски од „БД ГРУПА“ и Аријана Коскаровска од  КРЕАТИВ ХАБ.

Зајакнат е и советничкиот тим со Кристофер Сандерс од СР Германија како специјален советник на претседателот на СКСМ, Бранко Азески.

Со тоа Комората уште еднаш покажа дека располага со значаен кадровски потенцијал, кој е потребен за новите предизвици врзани со претседавањето со Балканската коморска асоцијација; формирањето на Институтот за извоз, Берзата на трудот, Центарот за микро, мали и средни претпријатија, Тимот 40 – Асоцијација на млади претприемачи и Советот за напредни технологии.

Во УО на Комората покрај новите членови уште се и Александар Гечев, Анатол Кутрески, Зоран Милковски, Александар Манев и д-р Никица Мојсовска Блажевска.

 

Поврзани содржини