Кадровски масакр, па што!
„Масакрираните“ кадри од јавната администрација веднаш да побараат работа во приватниот сектор. Таму ги чекаат со душа и со срце...
Читам, многу плачипичење за наводниот „кадровски масакр“ што го спроведува ВМРО-ДПМНЕ во органите на државната администрација.
Другарки и другарчиња, кој како дошол на функција, така и ќе си замине.
Многу луѓе незаслужено добија шанси да раководат со министерства, со разни државни органи, со јавни претпријатија и со установи, а потоа од позиција на власт не сторија буквално ништо за да ја оправдаат довербата што им била укажана.
Да било поинаку, ќе имало резултати. А да имало резултати, владата на ДУИ и на СДСМ немаше да ги изгуби изборите.
Освен тоа, многу партиски кадри беа поставени на измислени функции. Замислете, првпат слушнав дека постоела функција „национален координатор за кохезија“. И човек поставен на таа позиција. Веројатно и секретарка, возач и службен автомобил…
Метастазите на партизирана државна администрација зе решаваат само со остри хируршки резови.
Да бе да, со кадровски масакр!
„Масакрираните“ веднаш за побараат работа во приватниот сектор. Ако се способни и вредни, ќе се ќердосаат и тие и нивните газди.
Што тука не е јасно?